„Вродена убавина 3“ на Елпида Хаџи - Василева во галеријата Остен

Во галеријата Остен вечер ќе биде отворена изложбата „Вродена убавина 3“ на Елпида Хаџи - Василева.
Промовирани ќе бидат и двете графички мапи „Вродена убавина 3“ и „Просторни инсталации“ со кои Хаџи - Василева се вклучува во проектот на Остен - 70 графички мапи за 70 години Остен. Проектот почна минатата година, по повод седумдеценискиот јубилеј од основањето на Остен и има за цел формирање библиотека на графички мапи „Светско културно наследство“.
Изложбата „Вродена убавина 3“ е просторна инсталација - мембрани од свински желудници на црни основи.
Елпида Хаџи-Василева е родена во Македонија во 1971 година. Дипломирала при Школата за уметност во Глазгов 1996 година и добила мастер диплома на отсекот Скулпторство при Кралскиот Колеџ во Лондон 1998 година. Учествувала во многу интернационални изложби, вклучително L’H du Siege во Франција, Kilmainham Gaol Музејот во Даблин и три пати била претставник на Венецијанското Биенале. Има учествувано и во многу Европски програми за уметнички престој, ArtSway, Ирскиот Музеј на Модерна Уметност и Berwick Gymnasium Fellowship. Хаџи-Василева исто така има работено на јавни проекти и скулптурни просторни инсталации вклучително: “Ние Сме Сенки”, Unit2, Лондон; “Животен Циклус”, Бристол; ‘Re|Sort’ Галерија Фабрика, Брајтон; Ambush’, The New Forest. Живее во Лондон.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски
-

Мицкоски доби трет мандат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и вети одговорност
-

ВМРО-ДПМНЕ одржува конгрес во Кавадарци - Мицкоски единствен кандидат за претседател
-

Сестринските партии со порака: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се блиску до граѓаните и затоа победуваат
-

СДСМ: Семејна фирма на Томовски добива милонски тендери од државата, Томовски најавува тужба за клевета
-

Тајмс: Северна Македонија во преговори за прием на азиланти - Владата негира, амбасадата ниту потврдува, ниту демантира
-

„Марш на ангелите“ во Кочани
-

Јавната свест за лицата со попреченост се зголемува
