„Врисок“ заработи 34 милиони долари и е на врвот на Бокс-офисот
Најновото продолжение на „Спајдермен“ (Spider-Man: The Road Without Return) до неодамна беше најгледаниот филм во кината низ светот, но викендов, петтиот дел на веќе култниот хорор-серијал „Врисок“ (Scream 5) го симна од престолот.
„Врисок“ заработи 34 милиони долари за време на викендов и веднаш се најде на врвот на Бокс-офисот.
Многумина беа заинтригирани од враќањето на веќе познатите имиња и во петтиот филм, кои ги повторуваат улогите од претходните делови – Нев Кембел, Кортни Кокс и Дејвид Аркет и – Марли Шелтон, која првпат ја видовме во „Врисок 4“. Нови лица во приказната се ликовите на Џена Ортега, Мелиса Барера и Џек Квејд.
Режисери на филмот се Мет Бетинели-Олпин и Тајлер Жилет. Вес Крејвен ги режираше првите четири дела, но тој почина во 2015 година на 76-годишна возраст.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива