Врие полиција пред Собранието, засега мирно

Пред Собранието на Република Македонија, по синоќешните инциденти, претпладнево состојбата е мирна, нема собрани граѓани, но се засилува присуството на полицијата. Кај Парламентот со автобуси пристигнаа дополнителен број полицајци.
Околу собраниската зграда се поставени метални барикади, а улиците се затворени за сообраќај. Пред главниот влез на собраниската зграда се поставени шатори на поддржувачите на иницијативата „За заедничка Македонија“.
Во инцидентите што се случија синоќа откако група граѓани влегоа во Собранието по постапката што ја спроведоа СДСМ и албанските партии за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието, како што информира МВР, се повредени 109 лица.
МВР соопшти дека синоќа до 23.30 часот во Градската општа болница 8-ми Септември, Градска болница „Св Климент Охридски“ и Клинички Центар лекарска помош побарале 70 граѓани, 22 полициски службеници и тројца пратеници. Дополнително во Касарната Ѓорче Петров лекарска помош укажана е на уште седум лица.
Од МВР наведуваат дека поради претходната безбедносна состојба МВР-СВР Скопје ќе преземат дополнителни мерки и активности со цел заштита на сигурноста на граѓаните, објектите и обезбедување стабилна и поволна безбедносна состојба.
Според информациите од МВР во Собрание на Република Македонија по полноќ немало повеќе граѓани, а граѓаните кои протестирале биле надвор од Собранието.
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
