Врховниот суд на САД ја прифати забраната на Бајден за домашна конструкција на пиштоли

Врховниот суд на САД синоќа ја подржа одложената регулатива на претседателот Џо Бајден за забрана за домашна конструкција на пиштоли што се прават од делови купени онлјан.
Oвие таканаречени „пиштоли привиденија“ (ghost guns) е многу тешко да се следат или откријат.
Гласањето беше со пет гласа „за“ наспроти четири „против“, со судиите Џон Џ. Робертс помладиот и Ејми Конеј Барет придружувајќи се на трите либерални членови на Врховиот суд – судиите Соња Сотомајор, Елена Каган и Кетанџи Браун Џексон.
Во одбрана на одлуката, што е клучен дел од поширокоте напори на Бајден за справување со оруженото насилство во земјата, официјални лица укажаа дека такво оружје станало многу популарно во изминатите години, посебно меѓу криминалците кои имаат забрана за купување обични пиштоли.
Сепак, одлуката на судот е привремена, а дали ќе стане постојана зависи од судските процеси што моментално се одвиваат во судовите против оваа регулатива, водени пред сѐ од активистите за заштита на Вториот амандан од Уставот на САД што дава право за слободно носење оружје.
Администрацијата на Бајден аплицираше регулативата да се донесе во итна постапка. Во апликацијата е наведено дека „јавната безбедност и службите за безбедност се соочени со криза претставена од брзиот раст на оружје што не може да се открие“.
Ново на Сител
-

Кили починал во сон од инфаркт, ќе биде погребан во Еквадор
-

Царинска управа: Спречен обид за криумчарење 120 килограми тутун за наргиле на ГП „Блаце“
-

Дрејпер го елиминираше Ѓоковиќ и ќе се соочи со Медведев во четвртфиналето на Мастерсот во Индијан Велс
-

Пет победи за македонските кикбоксери на Светскиот куп во Италија
-

На ФФОСЗ промовирана нова современа дијагностичка опрема за тестирање на спортисти
-

Одземен пасош, забрана за работа и приближување за професорот пријавен за сексуално вознемирување
-

Иран нападна цели во Ирак, Бахреин, Оман и Израел
-

Николоски во Вашингтон: Инвестициите на коридорите во Македонија го комбинираат бизнисот и безбедноста
