Македонија
15. October 2016 - 8:24

Времето во Македонија претпладне сончево

Времето во Македонија претпладне сончево со мала до умерена облачност, а од пладневните часови облачноста ќе се зголемува и во западните делови ќе има услови за појава на слаб краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен претежно јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од еден до девет, а дневната од 17 до 23 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а од пладневните часови со зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно јужен ветер.

Температурата ќе биде во интервал од три до 19 степени.

Од недела под влијание на влажен воздушна маса ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Утринските температури малку ќе се покачат, а дневните веќе од понеделник ќе бидат пониски за 3 до 5 степени. Повеќе врнежи со услови за краткотрајна нестабилност на југот ќе има од недела попладне и во ноќта кон понеделник. Потоа следи период на променливо облачно време со повремен дожд и со позитивни утрински температури.