Времето утре во Македонија ќе биде сончево и посвежо

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и посвежо со мала локална облачност и со засилен, а на моменти и силен северен ветер со брзина и над 80 км/час, особено вдолж Повардарието.
Температурата ќе се движи од 14 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и посвежо со мала локална облачност и со засилен, а на моменти и силен северен ветер
Температурата ќе достигне до 19 степени.
Утре поради спуштање на постудена воздушна маса од север ќе дува засилен, а на моменти и силен северен ветер со брзина и над 80 км/час, особено вдолж Повардарието. Тоа ќе услови значително опаѓање на дневната температура за околу 10 степени. Потоа до сабота ќе биде стабилно и суво со благ пораст на дневната температура, која ќе биде во рамките на просекот за овој период од годината.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
-

За болни од западно-нилска треска ќе треба и дополнителен третман по излегувањето од Инфективна
-

Дизелот надмина 101 денар, растат цените и на бензините
-

Превозниците во понеделник ќе протестираат пред дирекцијата на ЕУ
-

Лидерот на СДСМ обвини дека ПЕТ Центарот повторно не работи
-

СДСМ постави услов за Левица
