Македонија
25. September 2015 - 8:29

Времето денеска ќе биде променливо облачно со температура до 25 степени

Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно, а попладне со слаб до умерен дожд. Преку денот ќе дува повремено засилен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 16, а дневната од 19 до 25 степени.

Во Скопје слично време, претпладне променливо облачно, а попладне со слаб до умерен југоисточен ветер и со појава на повремен дожд. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 24 степени.

Потоа следува период на променливо облачно време. Утрата ќе бидат посвежи, а дневните температури ќе бидат претежно во интервал од 18 до 26 степени.