Времето денес ќе биде студено и ветровито со сончеви периоди
Времетоќе биде променливо облачно со сончеви периоди, многу студено и ветровито. Во планинските подрачја повремено ќе провејува снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -4, а максималната од -5 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 0 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на студено време со умерен до засилен северен ветер. До среда утринските температури ќе бидат многу ниски и на многу места ќе се спуштат до околу -10 степени, а дневните од средината на неделата ќе бидат во пораст. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата