Времето денес ќе биде сончево и топло
Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 26 до 33 степени. УВ-индексот ќе има вредност 9.
Во Скопје слично време со температура од 15 до 35 степени.
Во наредните денови следува период на претежно стабилно и топло време. Температурата на воздухот ќе биде во постепен пораст, а кон средината на наредната недела на повеќе места максималната температура ќе надминува над 35 степени, а во југоисточниот дел од земјава се очекува да достигне до 39 степени.
В недела и во понеделник во попладневните часови се очекува да има локална нестабилна облачност која ќе биде проследена со краткотраен дожд и грмежи. Од втората половина на наредната недела температурата ќе има тенденција на опаѓање, но ќе има и почеста појавана дожд и грмежи.
Ново на Сител
-
Приведен кавадарчанец кој со остар предмет им се заканувал на сограѓанин и малолетник
-
Пет лица од Тетово се тепале на Меѓународниот аеродром Скопје
-
Во сообраќајка тешко повреден 14-годишен мотоциклист
-
ОЈО: Обвинение против шест лица за фалсификување пари
-
Мицкоски: Преполовени царините на САД за Македонија, преговараме за уште пониски
-
Приведено лице од прилепско, возел со 1,79 промили алкохол во крвта
-
Нови директни летови од скопскиот аеродром Скопјe до Стокхолм, Бари, Мадрид, Прага, Келн и Ларнака
-
Приведен арачиновец, превезувал огревно дрво без дозвола