-->
-->
Времен сообраќаен режим утре на булеварите „Христијан Тодоровски Карпош“ и „Џон Кенеди“
-->
Сообраќајот на крстосницата на булеварот „Џон Кенеди“ со булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, во општина Чаир, поради изведување прекоп, ќе се одвива под посебен режим.
При изведбата на прекопот, како што соопшти Град Скопје, во ниту еден момент нема да биде затворена за сообраќај улицата, туку ќе се воведе привремен сообраќаен режим и ќе се постави сигнализација.
Град Скопје апелира до учесниците да се придржуваат на поставената сигнализација, за безбедно и непречено одвивање на предвидените градежни работи, како и на сообраќајот.
Прекопот се изведува поради дислокација на подземни кабли кои се наоѓаат на трасата на градежните работи на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Активни шест пожари, три под контрола
-
Истрага против дилер на марихуана во Скопје
-
Археолошкиот локалитет Стоби привлечен за странските туристи – Американците најбројни посетители
-
Нема листа на метар, малку независни
-
Висока делегација на Вооружените сили на Романија од утре во официјална посета на Армијата
-
Путин: Русија ги поддржува иницијативите на кинескиот лидер за глобално управување
-
Утре умерено облачно, в среда и четврток наместа со дожд и грмежи
-
Герасимовски: Воведуваме бесплатен оброк за сите ученици од прво до четврто одделение од следната година