Времен режим на сообраќај во населба во Куманово, поради рехабилитација на железничкиот Коридор 8
Поради рехабилитација и реконструкција на железничката пруга Куманово-Бељаковце, како дел од проектот за Рехабилитација на Железничкиот Коридор 8 од утре почнува времен режим на сообраќај во кумановската населба „Перо Чичо“, соопштија денеска од компанијата изведувач Х.Ф.Вибе. Според информациите од компанијата ќе се изврши пообемен градежен зафат за реконструкција и рехабилитација на постоечкиот железнички подвозник и изградба на нов патен надвозник на улицата „Ѓорче Петров“.
– Во текот на извршување на овие активности, сообраќајот ќе се одвива под посебен времен режим, согласно решението за утврдување на условите и режимот на сообраќај издадено од општина Куманово. Активностите ќе се одвиваат на одредена локација под и околу мостот на улицата Ѓорче Петров, а локалното население ќе има слободен пристап до своите домови преку пешачките патеки, како и со користење на веќе постоечката сообраќајна инфраструктура.– се наведува во соопштението на Х.Ф. Вибе.
Градежните активности фирмата Х.Ф.Вибе ќе ги извршува до средината на ноември 2019 година.
Ново на Сител
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба
-
Во март пониски увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи
-
Камионџија од Украина пронајден починат на Табановце
-
Пленковиќ го доби мандатот за состав на нова влада на Хрватска
-
Продажните цени на производителите на индустриските производи во март пониски за 1,5 отсто на годишно ниво
-
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје
-
Сообраќајка меѓу три возила во Скопје: Повредени четири лица
-
Град Скопје: Премиерот од Форино кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори