Време е за диети: Што носи Месечината во опаѓање

Ако сакате да ослабите, да го исчистите органзимот од токсини, да го елиминирате целулитот и да се одлободите од стрес, направете го тоа додека Месечината е во опаѓање. Таа фаза започна, па во наредните 14 дена пијте билни чаеви, одите на масажа, дренажа, користете средства за детоксикација, а диетата ќе ви биде поефикасна.
Организмот во опаѓачката фаза на Месечината полесно ги исфрла штетните материи, тврдат италијанските стручњаџи кои во книгата „Од месечината до Земјата“ откриле многу тајни на земјиниот природен сателит.
Авторите истакнуваат дека Месчината има огромно влијание на се што е на Земјата, но и дека современата цивилизација го занемарува тоа иако сите стари народи во различни делови од планетата животот го воделе во склад со луанрниот пат.
Според нивните зборови, кога Месечината е во опаѓање, тоа многу помага во врска со здравјето.
Лицата кои имаат проблеми со алергии посебно би требало да внимаваат на лунарниот календар.
Чистењето од паразити или перењето на облеката која содржи алергени најдобро е да се направи при опаѓање на Месечината, зошто микроорганизмите и штетните материи се отстрануваат подобро.
Се смета дека во таа лунарна фаза пациентите помалку крварат и лузните побрзо исчезнуваат, па ова е идеален период за отстранување на брадавици и младежи, како и за чистење на лицето.
Ново на Сител
-

Три малолетни девојчиња нападнати од четири женски лица во Аеродром
-

Општина Струга не може да го продаде „аудито“ на Мерко од 67.000 евра поради стар долг
-

Малолетници нападнале 15-годишник во Скопје, еден од нив пукал со пиштол кон него
-

МНРиНТ: Досега реализирани четири летови за евакуација на граѓани од Блискиот Исток, превезени вкупно 458 патници
-

Семејството ја пријавило за исчезната, познат идентитетот на пронајдената жена во Вардар
-

15-годишен чирак со остар предмет го нападнал синот на газдата на берберница во Арачиново
-

ИДФ го погодиле нуклеарниот комплекс Телеган, крај Техеран
-

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче
