Вреќа марихуана пронајдена кај двајца браќа во Гази Баба

Секторот за внатрешни работи Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Р.Д. (27) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик на Република Македонија.
Во понеделникот по издадена судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на Р.Д. на улицата „Сава Михајлов“ во Скопје, каде бил затекнат и неговиот брат Б.Д. (30).
При претресот биле пронајдени една вреќа, едно најлонско пакување, еден шприц и вага кои биле одземени и дадени на вештачење. Од вештачењето било утврдено дека во вреќата и најлонското пакување има 558 грама марихуана, во шприцот има 1 мл хашиш и на вагата имало остатоци од марихуана.
Пријавениот и неговиот брат биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Гази Баба.
Ново на Сител
-

Ветерот го однесе знамето на Македонија од јарболот во центарот на Куманово, ќе биде поставено ново
-

Просечната нето плата во мај 49.544 денари
-

Сопственик на ресторан со две „Мишелин ѕвезди“ во Јужна Кореја се соочува со затвор оти послужувал мравки во десерт
-

ЕВН Македонија: Невремето ја оштети и дистрибутивната мрежа, 90 отсто од дефектите се санирани
-

Герасимовски: Кризниот штаб на Центар со итни мерки, се вклучуваат и куќните совети, теренските екипи работат во повеќе смени
-

Клиничка болница-Штип: Пациентите со скршеници од источниот регион да се транспортираат во другите болници
-

62-годишник силувал девојче кое не наполнило 15 години во Струмица
-

Во Влада состанок за Реформската агенда
