Враќањето на контролата на границите би ја чинело Франција 10 милијарди евра годишно
Враќањето на контролата на границите во Шенген зоната би ја чинело Франција две милијарди евра на краток рок и над 10 милијарди евра годишно на подолгорочен рок, се наведува студијата на „Франс Стратежи“.
Како што јави дописникот на МИА на Париз, според овој документ, објавен денеска од експерти кои работат за францускиот премиер, напуштањето на Шенген зоната на карткорочен план ќе има последици за прекуграничните работници, туризмот и транспортот на стоки.
Намалувањето на приходите од туризмот се проценуваат на 500 милиони до една милијарда евра годишно.
Притоа „Франс Стратежи“ проценува дека враќањето на контролите на границите можат да ги намалат можностите за прекугранична работа. Според проценките бројот на прекуграничните работници би се намалил за 5,000 до 10 000, со загуба за економијата од 150 милиони до 300 милиони евра, бројки кои не ги земаат предвид мерките за справување со новиот прилив на невработени.
За транспортот на стоки, загубата е 62 милиони евра годишмо за увоз и уште толку за извоз, во случај на намалена контрола на камионите на границите и двојно повеќе во случај на систематска контрола.
Ново на Сител
-
По седум години повторно отворен комплексот „Македонско село“
-
Борозан останува во Вардар и следната сезона
-
33-годишно лице нападнато во казино од обезбедувањето на објектот
-
Кривична против 32-годишник, се заканувал со нож и се обидел физички да нападне едно лице
-
Сообраќајка во Скопје помеѓу „ауди“ и службено возило на МВР
-
Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба
-
Мицкоски за најавите за штрајк во М-НАВ: Се закануваат оние кои правеа упад и кои тепаа
-
Денеска средба помеѓу родителите на починатите во пожарот во Кочани и јавните обвинители