Врачување на наградата „Прозарт“ на бугарскиот писател Георги Господинов

Со доделување на наградата „Прозарт“ на бугарскиот писател Георги Господинов, вечер во Даут-пашин амам ќе заврши 4. Меѓународен литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ кој во организација на издавачката куќа „Икона“ се одржува во изминатите три дена.
Наградата на Господинов му се доделува за авторски придонес во развојот на книжевноста на Балканот. Тој е најпреведуваниот современ бугарски прозен автор со бројни афирмативни критики од познати европски и американски проследувачи на литературата, за своите три прозни дела: „Природен роман“, „И други приказни“ и „Физика на тагата“.
- Уште од своите студентски денови со својот особен раскажувачки глас, автентичен стил на раскажување и необично откачена духовитост, се наметна како исклучително име на новата бугарска литература. Покрај бројните книжевни признанија, тој многу брзо добива и голем број приврзани читатели во Европа и САД, а меѓу нив и голем број почитувачи во Македонија, соопшти „ПРО-ЗА Балкан“.
Последна преведена книга од Господинов на македонски е „Физика на тагата“ во превод на македонски јазик на Душко Крстевски, а во издание на „Или-Или“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ
-

САД ги олесни санкциите против Иран – Израел најави пожестоки напади
-

Влада утре ќе носи мерки
-

Неизвесност со производството на домашна храна во Македонија, како и со нејзината цена
-

СДСМ: Профитира бизнисот на Мицкоски
-

Пронајдено безживотно тело во атарот на Зрновци
-

Недостиг од кадар, пари и доверба - предизвици за обвинителот Савески
-

СЗДМ - сензори за сите лица со дијабет тип 1, вложувања во превенција и рана детекција
