Вработување на 400 пожарникари за превенција од шумските пожари во летниот период

За справување со пожарите во летниот период, Владата со Оперативниот план за 2025 година предвидува вработување на 400 пожарникари.
Како што соопштија денеска од владината прес - служба, со оваа мерка Владата сака да постигне навремена и брза реакција на спречување на пожарите кои се најприсутни во летниот период.
- Пожарникарите даваат натчовечки напори за борба со огнената стихија, ризикувајќи ги сопствените животи за да спасат други човечки животи, животната средина и други материјални добра. И токму затоа сè со цел превенција од шумските пожари овие 400 лица ќе се вработат во општините каде што има најмногу потреба, се наведува во соопштението.
Воедно, Оперативниот план за вработување за 2025 опфаќа и вработување на 600 невработени лица кои ќе бидат ангажирани за јавни работи и општински проекти од инфраструктура и заштита на животната средина на локално ниво.
- Со ова придонесуваме кон превенција и заштита од пожарите, како и заштита на животната средина и здравјето на сите граѓани. Како Влада остануваме целосно посветени во носење на одлуки и проекти во интерес на граѓаните. Здравата животна средина и заштита на здравјето на граѓаните, но и заштита од вакви катастрофални појави во летниот период е наш приоритет. Владата работи на целосна трансформација на државата, се додава во соопштението од владината прес-служба.
Ново на Сител
-

Стевчо Јакимовски побарал одложување на затворската казна поради здравствени причини
-

Приведени 14 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без возачка дозвола
-

Изгласан законот: Тротинети ќе смеат да возат само лица над 18 години
-

Струшките пожарникари со апел за зголемена претпазливост од пожари на отворено
-

Велика Британија инвестира пет милијарди фунти во дронови и автономни системи
-

Како „Тикток“ и „Фејсбук“ го менуваат мозокот?
-

Државно финале на „Плазма - Спортските игри“: 600 млади се борат за пласман во Сплит
-

Дуња Иванова со највисок светски ранг во македонскиот велосипедизам
