Вработените во одбраната најавуваат штрајк поради неисполнување на барањата
Синдикатот на одбраната и безбедноста и Независниот синдикат на професионални војници најавуваат штрајк поради неисполнување на нивните барања за зголемување на платата и надоместоците на плата.
Претседателот на Синдикатот на одбраната и безбедноста Ристо Ајтов денеска на прес-конференција рече дека бараат зголемување на платата за 20 проценти и во иднина таа да се корегира согласно нивото на зголемување на платите во Министерството за внатрешни работи.
Вработените во одбраната бараат и зголемување на надоместоците на плата за ангажирање до висина од 1.200 денари.
Според нив, не е среден ниту организираниот превоз за доаѓање на работа во касарните, ниту им се исплатени досегашните трошоци на вработените во Министерството за одбрана и АРМ.
- Нерешавањето на овие проблеми го доведоа во прашање функционирањето на Министерството за одбрана и АРМ, а со тоа се доведува и во прашање навременото извршување на нашата мисија, односно обезбедување на безбедна и стабилна Република Македонија, рече Ајтов. Одговорноста за состојбите во одбараната, спроед Ајтов, е кај министерот за одбрана.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-
Монструозно двојно убиство и самоубиство во Прилеп
-
Нерешени имотно правни работи - најчеста причина за нарушени семејни односи во Македонија
-
СДСМ смета дека граѓаните не се безбедни
-
И по една недела пожарот во с. Николиќ се уште активен
-
Судот утре ќе решава по жалбата на ОЈО за притворот на напаѓачот на градоначалничката Арсовска
-
Пуштени за сообраќај 20 километри од автопатот Кичево - Охрид
-
Пожарот кај Николиќ не стивнува, опожарени над 1.000 хектари