-->
-->
Вработените во Министерството за култура повторно излегуваат на протест
-->
Пред Министерството за финансии денеска во 10 часот повторно излегуваат на протест вработените од Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Агенцијата за филм.
Преку мирен протест ќе го изразат незадоволството поради своите недостоинствени месечни примања.
Во Министерството за култура и Управата за заштита на културно наследство, платите на скоро 70% од вработените се под просечната плата во Република Северна Македонија, а разликата со платите на вработените на истите позиции во установите од областа на културата е и по 10.000 денари.
Вработените во овие три институции бараат покачување на платите по примерот на вработените во Министерството за финансии, кои со Закон се зголемија за 30%.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Стартуваше Самитот Македонија 2025 - Како до побрз економски напредок на државата
-
Преглед на вестите од светот
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа