Вработените во белгиските железници стапија во дводневен штрајк
Вработените во белгиски железници од синоќа стапија во дводневен штрајк, кој го погоди железничкиот сообраќај во целата земја и е причина за прекин на високобрзите возови до Велика Британија, Германија и Холандија.
Синадикатите не се согласуваат со реформите, кои ги планира Владата, која е сопственик на железничката компанија СНЦБ, меѓу кои се намалување на буџетот за 20 отсто.
Синдикалните лидери во јужниот дел на Белгија, каде се говори француски јазик им препорачаа на вработените да стапат во штрајк, додека нивните колеги во Фландрија, каде се зборува холандски не го препорачаа тоа велејќи дека преговорите со Владата се во тек.
Штрајкот почна во 22 часот синоќа по локално време и ќе трае 48 часа.
Еуростар соопшти дека ќе сообраќа на релацијата од Лондон до Брисел, но ќе вози само до францускиот град Лил.
Високобрзниот воз Талис, кој сообраќа од Париз преку Брисел до Амстерсам и Келн соопшти дека денеска нема да сообраќа, а со возење ќе почне доцна в четврток.
Синдикатите тврдат дека намалувањето на буџетот ќе доведе до отпуштање на шест илјади од вкупно 33 илјади вработени, како и во просек намалување за шест дена од одморот по вработен.
Ново на Сител
-
Миле Јанакиески излегува од затвор
-
Петок пред Духовден, 21 јуни, неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведено едно лице
-
Нетанјаху ја распушти воената влада
-
Приведен криумчар на мигранти
-
ЈП „Комунална хигиена“: Масовно непрописно исфрлање отпад во близина на контејнерите во Скопје
-
Активен пожар во Негорци, регистрирани 15 пожари на отворено во изминатото деноноќие
-
198 санкционирани возачи во текот на изминатиот викенд на подрачје на СВР Битола, 84 за брзо возење