Вработени од „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“ повторно на протест, од 28-ми најавуваат активирање на одлуката за штрајк

Вработени од „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“ организирани од Независниот синдикат на државната администрација денеска протестираа поради неисплата на септемвриската плата. Блокирајќи ја раскрсницата на булеварот „Илинден“, побараа исплата на платата и почитување на одредбите од потпишаниот колективен договор односно исплата на додатоците за плата, регрес за годишен одмор, отпремнина за пензија.
На раководството на претпријатието му дадоа рок до 28-ми овој месец кога истекнува периодот за мирно решавање на спорови, а во спротивно ќе ја активираат одлуката за штрајк.
-Секој ден бараме прием и уште не е примиле на разговор. Немаат волја за разговор и затоа ние мораме правото да го остваруваме на улица, изјави Горан Ристевски, претседател на гранскиот синдикат.
Како што посочи, со години трае непочитувањето на колективниот договор.
-Ова трае веќе со години. Ние потпишавме колективен договор, но не за да им дадеме одложено дејствие на нивните обврски кон вработените, туку да не застарат побарувањата. Нашата добра волја беше искрена, но од страна на јавното претпријатие немаат сенс да го испочитуваат трудот на вработените, рече Ристевски.
Вработените во „Паркови и зеленило“ имаат обврска да ги чистат парковите и зеленилото, односно ѓубрето што се наоѓа на овие површини.
Според Ристевски, тие тоа го прават но полека губат волја поради неисплата на платите.
-Сметот од контејнерите што не е собран и разнесен на зелената површина треба да го соберат овие вработени и да го складираат. Имаат волја за работа, но полека ја губат бидејќи од септември не им е исплатена плата, рече Ристевски.
МИА
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Климатските промени веќе не се закана, туку реалност, неопходно е координирано дејствување и заедничка одговорност
-

Создадена мобилна апликација за следење и истражување на пеликаните во Преспанско Езеро
-

Битолската ЗОО Градина ќе вдоми животни од Зоолошките градини во Скопје и Белград
-

„Онкологија 2“: Одбраната ги оспорува доказите на обвинителството и бара домашен притвор за Васев и Нухи
-

Уставот и законите мора да се почитуваат, вели Мицкоски за барањата за полагање на правосуден испит на албански јазик
-

Бесплатни превентивни прегледи за жителите на Кисела Вода по повод Светскиот ден на здравјето
-

Подобрена состојбата со јавниот превоз, 180 автобуси сообраќаат на линиите, вели Ѓорѓиевски
-

Мицкоски: Со навремените мерки спречивме инфлацијата да биде двојно поголема
