-->
-->
Вработен во Специјалниот завод во Демир Капија фатен како допира и бакнува девојка згрижена во домот
-->
Вработен од Специјалниот завод во Демир Капија вчера е уапсен, откако бил фатен на дело како допира и бакнува девојка згрижена во домот, соопшти СВР Велес.
Во Заводот во Демир Капија се згрижени лица со интелектуална или друг вид попреченост.
„На 10 август, во ОВР Неготино било пријавено дека околу 10.30 часот во Јавната установа Специјален завод во Демир Капија, бил затекнат Б.А. (51), вработен во Заводот, како бакнува и допира штитеничка на установата“, соошти Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.
Тој кажа дека лицето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници