Македонија
22. November 2022 - 16:08

Вработен во ЕВН тешко се повредил додека извршувал работни задачи

На 21.11.2022 во 20.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека околу 18.00 часот во тетовско Теарце, во месноста „Бигор“, 38-годишниот С.С. од тетовско Рогачево, вработен во ЕВН Македонија, при извршување работни задачи се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.