Впечатливи „Фрагменти“ на скулпторот Башески во Прилеп
Впечатливата изложба „Фрагменти“ на македонскиот скулптор Жарко Башески синоќа беше отворена во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Публиката беше љубопитна да ги види скулптурите на Башески, изработени од полиестер, силикон, текстил.
Според Викторија Димеска, историчар на уметност, која ја отвори изложбата, делата се создавани во различни периоди, а Башески конструира минијатури, скулптури со човечки размери и хипер-реалистични фигури.
– Користејќи се со материјали како стаклена волна, силикон, полистер, акрилик, природни влакна и текстил, Башески конструира минијатури, скулптури со човечки размер и хипер реалистични фигури. Преку веродостојната и експресивна моќност на реалистичната претстава, односно нераскинливата врска меѓу физичкиот стимул и психичката состојба на фигурата, авторот ја ослободува скулптурата од нејзиниот традиционален концепт и нуди интепретација и релација меѓу делото и определениот простор, рече Димеска.
Управувајќи со фигурата, како во куклена претстава, Димеска вели дека Башески ја режира и ја поставува сцената, вовлекувајќи го посетителот во прецизна, директна и активна интеракција со реанимираната фигура, при што, секој поединечно, фигурата и посетителот, ја изведува и артикулира сопствената улога,
Изложбата „Фрагменти“ на Жарко Башески ќе биде отворена 20-ина дена.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници