ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Удри дете на пешачки во Штип па избега
Видео снимка од автомобил кој удира дете на пешачки премин и го напушта местото на настанот објави регионалната телевизија М-нет.
Тие на својата веб страна исто така посочуваат дека „несовесен возач со возило удира дете во близина на градскиот пазар во Штип, а од безбедносните камери се гледа дека барем во првите моменти го напушта местото на настанот. Се чини дека за среќа детето не е повредено. Граѓаните бараат да се преземат превентивни мерки на оваа улица, за ограничување на брзината на возење“.
Воедно од телевизија М-нет споделуваат дека веќе е откриен сторителот на прекршокот, против кој МВР презела мерки и е покренато обвинение.
- Се работи за сообраќајна незгода случена на 26.07.2022 на ул.”Сутјеска” во Штип каде возачот со возилото удира во пешак дете и го напушта местото на настанот. Веднаш се преземени мерки и активности и по брзата интервенција на штипската полиција пронајдени се возачот З.А.(62) од Штип и возилото кое го управувал и удрил во малолетниот пешак, нанесувајќи му телесни повреди. Случајот е расчистен и против З.А. до Основното јавно обвинителство поднесена е соодветна кривична пријава за сторени кривични дела - се наведува во соопштението од СВР Штип.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток