Вознемирувачко: Страотна снимка од ликвидацијата во Подгорица - момчето се обидува да побегне, убиецот го брка додека не го докусури

Мажот, кој во саботата околу 12 часот во центарот на Подгорица најпрво го уби Радивој Јовановиќ (42), а потоа и својата вистинска мета Милош Шаковиќ (31), го снимија безбедносните камери.
Една вознемирувачка снимка протече во јавноста. На неа се гледа моментот кога Шаковиќ се обидува да му побегне на убиецот трчајќи од правец на ресторанот „Форум“ во кој бил со пријателите и со сопругата, преку внатрешниот двор под трговскиот центар „Ражнатовиќ“.
Убиецот во темна облека со качкет на глава и со пиштол во рака трча по него. Во еден момент на снимката јасно се гледа и како убиецот држи вперен пиштол во правец на местото каде што бега Шаковиќ. Дека не станува збор за аматер туку за професионалец кој вешто ракува со оружје, се гледа и по тоа што тој во трката по Шаковиќ успева да го репетра пиштолот и продолжува да пука.
Шаковиќ за жал не успеа да му помогне на убиецот, кој го убил 30-тина метри подолу. После злосторството, убиецот вооружен и без брзање, се упатил по Златарската улица, а потоа и по Балшичевата улица, каде му се губи секоја трага, но не и трагите кои полицијата може да ја доведе до него.
Во дворот на недовршена куќа полицијата пронајде одредени предмети за кои се верува дека му припаѓале на убиецот. Станува збор за торбичка, качкет и пиштол. Два дена по злосторството, истражителите се сигурни дека убиството на Шаковиќ е одмазда за убиството на Дражен Чаѓеновиќ кој настрада во експлозија на бомба две ноќи претходно во гража на Римскиот плоштад, исто така во Подгорица.
Иако убиениот Шаковиќ, е брат од стрико на погоричанецот Милиќ Миња Шаковиќ, кој важи за високоткотиран член на „шкањарскиот “ клан, доброинформирани извори тврдат дека братучедите не биле во добри односи.
Наводно Милош ги одржувал контактите со Игор Божовиќ кој, оперативно, означен е како еден од водачите на спротивставениот „кавачки“ клан, што на крајот, можно е да го платил со животот. И не само својот.
Од 2014 година кога поради исчезнувањето на кокаин во Валенсија изби војна меѓу двете которски криминални групи, се убиени дваесетина лица меѓу кои и четворица невини жртви.
Ново на Сител
-

Сем Алтман и Дарио Амодеј повикани на сослушување за вештачката интелигенција во австралискиот Сенат
-

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург
-

Масовни протести се одржаа во голем број германски градови против планираните намалувања на владините трошоци
-

Над 741 илјади туристи ја посетиле државата за седум месеци, најмногу од Турција, Германија и Србија
-

Девет лица уапсени под сомнение за воени злосторства на север во Косово
-

OpenAI ја прекинува работата на најнапредните модели на вештачка интелигенција поради безбедносен пропуст
-

Променливо облачно време со сончеви периоди, температура од 6 до 23 Целзиусови степени
-

Македонското знаме се крена над Њујорк
