Вознемирувачко: Смртта на таксистот снимена со камера

Снимката од безбедноснтите камери од менувачницата во Крагуевац го забележала судирот кој во средата вечер се случи меѓу такситот Бранислав Ѓукиќ (66) и муштеријата Никола Д. (34).
Никола Д. негирал пред полициајта дека со тупаници го усмртил Бранислав и тврдел дека таксистот прв го нападнал.
-Барав од таксистот да застане само да одам до киоскот и да купам сок, а потоа тој да ме однесе до куќата. Немав намера да не платам или да побегнам. Меѓутоа таксистот ме нападна, почна да ме влече за јакна и да ме пика во возилото, рекол Никола во полиција.
Инаку, Никола Д. е осомничен дека во средата навечер во крагуевачката населба Бресница го претепал таксистот Бранисалв Ѓукиќ Ѓуко и кој потоа починал зад воланот на „фиат пунто“.
-Осомничениот за убиството на таксистот не негира дека бил на местото на злостроството, но негира дека придонесол за смртта на несреќниот човек. Вишото обвинителство побара на осомничениот да му се одреди притвор од 30 дена, кое синоќа му беше одредено од страна на судија во претходна постапка, велат од Вишото обвинителство во Крагуевац.
Еве како изгледаше судирот во Бресница:
Ново на Сител
-

Мисајловски од Штип: Армијата со нова опрема и мисија
-

Две лица спасени од водите на Охридското Езеро
-

Арената во спортскиот центар „Борис Трајковски“ се ребрендира во „Т арена“
-

Преглед на вестите од светот
-

Клековски: Епидемијата во Гостивар се смирува
-

Регионалната депонија кај Новаци готова до крајот на 2027 година
-

Од утре започнува топлотен бран, како да се заштитиме?
-

Колкава е опасноста од пајак црна вдовица во Македонија?
