Живот
29. March 2018 - 14:18

Вознемирувачко: Куршум во гради - Полицаец уби невооружен маж кој одел со спуштени панталони, граѓаните бесни!

Американски полицаец убие невооружен маж кој шетал по улица со спуштени панталони, а неговото семејство тврди дека сето тоа изгледа како „убиство со предумисла“.

На снимката од полициската камера се гледа 34-годишниот Ден Реј Томас како минатиот четврток оди во правец на полицаец на улица во Хјустон, Тексас, пред да биде застрелан.

Полицаецот Камерон Бруер неколку пати му извикува „легни на земја“ пред да почне да пука, а како што се наведува и полицаецот и жртвата се Афроамериканци.

Семејството на убиениот Томас тврди дека тој боледувал од депресија откако децата му се убиени. Сестрата на Томас, Кита Томас Смит побарала од надлежните политичари од итно да направат нешто за полициската бруталност.

Како што истакна, она што го видела на снимката изгледа како убиство со предумисла.

„Јасно се гледа дека мирно оди, а не трча, кон полицаецот но без никаква намера да го повреди или некако да му наштети, рече таа.

Хјустонската полиција во соопштението минатата седмица соопшти дека Томас „одел среде прометна градска раскрсница“ кога Бруер го забележал со спуштени панталони до глужд, како зборува сам со себе и удира во автомобилите кои поминувале.

„Томас удрил во бело возило по што возачот излегол и влегол во физички контакт со осомничениот“, се наведува во соопштението.

Заменик шерифот на округот, како што се наведува, видел гунгула и го запрел своето возило за да интервернира.

„Исплашен за својата безбедност, Бруер го извлекол своето службено оружје и нанишанил во градите на Томас“, стои во соопшението.

Меѓутоа, видеото кое го снимиле минувачите открива реагирање на патниците од блиската автобуска станица. Тие најнапред се смееле на сцената мислејќи дека полицаецот ќе употреби електрошокер. Меѓутоа кога се слушнало пукање, почнале да врескаат и со неверување луѓето се паршувале „Дали тој го застрела човекот? Зошто го напраив тоа? Како можеше да убие човек среде улица?“

Според приказната на роднината, партнерката на Томас ги убила неговите две деца во 2016 година додека тој бил на отслужување на затворска казна поради „поврзаност со дрога“.