Возило на Владата на Црна Гора ја проби блокадата на граѓаните, во автомобилот била ќерката на премиерот
На патот Подгорица-Никшиќ нападнато е службеното возило на Владата на Црна Гора во кое се наоѓала ќерката на премиерот Здравко Кривокапиќ. Возилото на владата било нападнато од приврзаници на престседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.
Како татко нема да ви ги заборавам нејзините солзи и страв. Како премиер, нема да ви дозволам дивјаштво и беззаконие. Во државата ќе владеат редот и законот на кои не сте навикнати. Но наскоро тоа ќе го видите, порача премиерот Кривокапиќ по инцидентот.
Возилото на Владата беше пресретнато од приврзаници на ДПС на Ѓукановиќ и го блокираа. Потоа почнаа да се качуваат на возилото и да дивеат.
Кога веќе неколку приврзаници се качија на хаубата, возилото тргна и ги фрли на тротоарот.
Полицијата во Никшиќ соопшти дека го документирала случајот и ќе биде известен обвинителот.
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
