-->
-->
Возило изгоре после сообраќајка во близина на Кичево, тешко повредено 6-годишно девојче
-->

На 02.12.2025 во 17:10 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на крстосница помеѓу регионалниот пат за с.Осломеј и ул. „Загорје“ во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Л.Џ.(31) од с.Зајас, кичевско и патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Л.Б.(23) од с.Стрелци, кичевско, при што настанал пожар во возилото „форд“.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Кичево пожарот е изгаснат. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила шестгодишна сопатничка од с.Зајас од возилото „форд“, додека со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Зголемено ниво на реките, утре локален дожд
-

Откриено најголемото наоѓалиште на диносауруси во светот
-

Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
-

Мбапе на четири голови од рекордот на Роналдо
-

ПМФЛ: Со два натпревари денеска почнува завршното коло од есенскиот дел
-

Во Вашингтон денеска жрепка за СП 2026
-

Германскиот парламент ја зголемува безбедноста во воените објекти
-

Со фалсификат за англиски набавен во Бугарија станала директорка на средно во Делчево
