Македонија
28. May 2021 - 11:06

Вози во спротивна лента во Ѓорче и се фали на Тик Ток | ВИДЕО

Ново видео објавено на Тик Ток на кое се гледа како возач вози во спротивна насока на прометна улица во скопската населба Ѓорче Петров и ги заобиколува останатите возила, додека во возилото ечи музика.

Снимката на социјалните мрежи ја објавил возачот на автомобилот.

Инаку, досега на Тик Ток неколку пати беа објавени вакви видеа на кои се прекршуваат правилата во сообраќајот.