-->
-->
Воздухот во Куманово вчера загаден, покажаа податоците на мерните станици
-->

Кумановци можат да го следат квалитетот на амбиенталниот воздух на шест различни локации во централното градско подрачје и во населбите. Станиците се поставени во училиштето „Наце Буѓони“, Домот за стари лица „Зафир Сајто“, во Занаетчискиот дом, во ОУ „Кочо Рацин“, кај противпожарната станица и во ОУ „Магдалена Антова“. Станиците го мерат квалитетот на воздухот, а податоците ќе се ажурираат на дневна база на општинската веб-страница.
Куманово склучи договор со приватна компанија за набавка на систем за мерење на аерозагадување, во ноември годинава. За набавката на системот, Општината од буџетот одвои 659.200 денари без данок на додадена вредност со избрана компанија од Скопје на претходно објавена јавна набавка.
Во градот има една високопрофесионална мерна станица поставена пред повеќе од десет години во дворот на Општата болница Куманово.
Изминативе години Куманово пред пандемијата донесе сет мерки за намалување на аерозагадувањето, меѓу нив клучна, гасификацијата на повеќе установи. Еден од најголемите загадувачи, бидејќи се затоплува на мазут е кумановската Општа болница. Претходниот месец беше извршено пробно пуштање на гас во установата кое помина успешно.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Втор ден комисиска расправа за ребалансот на Буџетот
-
120 нови дигитални услуги
-
Нов бран превентивни мерки на полицијата
-
Зголемен интерес кај струмичките земјоделци за владините мерки за поддршка
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор