Воздухопловен ВИНГ - 32 години во служба на државата и гарант за воздушната независност
На 10-ти април 1992 година со потписот на одлуката број 60 од страна на претседателот Глигоров се формира Командата на Воено Воздухопловство и противвоздушна одбрана а два месеци по формирањето, на 10 Јуни ќе биде и првиот лет со македонска посада. Токму тој ден се смета и како ден на македонското воено воздухопловство. На грбот на припадниците на военото воздухопловство ќе паднат повеќе задачи кои ќе бидат нивна мисија. Од обезбедување воздушна поддршка и транспорт на единиците на Армијата се до помош и поддршка на населението во елементарни непогоди и катастрофи, со јасна визија воздухопловен Винг во служба на армијата, народот и државата.
Задачите и мисиите ќе остануваат исти, без разлика дали називот ќе биде авијациска бригада, воздухопловна бригада или Воздухопловен ВИНГ. Низ своите 32 години Военото воздухопловство памети секакви времиња и услови, од скромната опрема на почетоците, кога високо обучен кадар ја градеше единицата, до набавка на различни воздухоплови, учество во воениот конфликт 2001 година. Едно беше јасно, без разлика какви се условите Вингот секогаш имаше персонал достоен за сите задачи и мисии.
Воздухопловниот ВИНГ е дел и од повеќе меѓународни мисии и операции. Припадниците на Вингот ги паметат и своите браќа кои служејќи и на единицата ги загубија своите животи. Командантот на Воздухопловниот ВИНГ Полковник Игорчо Стоименовски вели тие се аманет за тоа како се служи на државата во оваа униформа и обврска никогаш да не престанеме да работиме во исполнување на нашите задачи и мисии.
Физички, психички здрави, високо познавање на англискиот јазик е основата да се влезе во конкуренција за да се биде дел од Воздухопловниот ВИНГ. Секој оној што ќе сака да ја облече униформата ќе мора да помине повеќе селекции како на земја така и во воздух за да се стекне со статусот пилот за воздухоплови со што ќе може да стане дел од Воздухопловниот ВИНГ и да биде дел од секојдневните задачи и мисии.
Влезот во НАТО алијансата значи и обврска да се биде кадарен да се застане рамо до рамо со сите партнери во алијансата. Полковник Игорчо Стоименовски вели, затоа постојано работиме на модернизација и усовршување на условите, а во периодот кој доаѓа се очекуваат нови повеќенаменски воздухоплови.
Воздухопловниот Винг е поделен на команда и штаб, штабна чека, Хеликоптерски сквадрон, Баталјон за Воздушно набљудување и јавување, Сквадрон за обука и тренинг, сквардрон за воздухопловно техничко одржување и Батерија за Против воздушна одбрана. Батеријата за против воздушна одбрана е сегментот кој на армијата и овозможува противвоздушна одбрана, штитејќи ја безбедноста на армијата, на објектите од значај а со тоа и суверенитетот на државата. Осовременување, модернизирањето е на батеријата за против воздушна обранада е обврска како домашна така и меѓународна со влегувањето во НАТО алијансата.
Откривање, идентификација и следење на воздухопловите пак е мисијата на баталјонот за воздушно набљудување и јавување. Билатералните соработки со други НАТО членки овозможува постојано усовршување на припадниците на баталјонот за воздушно набљудување и јавување, со што припадниците на баталјонот се подготвени да одговорат на своите задачи. Воедно овој баталјон на дневна основа соработува и со цивилните институции за воздухопловство.
32 години Воздухопловниот ВИНГ без разлика дали се работи за транспорт на припадниците на армијата, учество во воениот конфликт за одбрана на државата или пак во помош и поддршка на цивилното население во елементарни непогоди и природни катастрофи – успешно ги извршува своите задачи и мисии.
Кирил Стојанов
Ново на Сител
-
Ден на народното востание
-
Врачување на државната награда „11 Октомври“
-
За време на продолжениот викенд автобусите од јавниот градски превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред
-
Во израелските воздушни напади врз Бејрут загинаа најмалку 22 лица
-
Хутите нападнаа бродови во Црвено Море и во Индиски Океан
-
Променливо облачно со повремен дожд
-
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози, без подолги задржувања на граничните премини
-
Роналдињо стана косопственик на американски клуб