Свет
7. April 2018 - 20:12

Возачот на комбето кое влета во толпа луѓе во Минстер се самоубил

Возачот на комбето кое влета во маса луѓе во германскиот град Минстер се самоубил, соопшти полицијата.

– Возачот се застрелал самиот, изјави портпаролка на полицијата.

Таа додаде дека околу 30 луѓе се повредени во инцидентот што се случи денеска во тој северозападен германски град.

Полицијата претходно соопшти за неколкумина загинати и повредени.