Возачот кој со автомобил удри во толпа навивачи на Ливерпул останува во притвор

Британецот Пол Дојл, обвинет по седум точки за нанесување тешки телесни повреди со намера кога со автомобил удри во толпа луѓе за време на прославата на шампионската титула на Ливерпул, останува во притвор по неговото денешно прво појавување пред судот.
Инцидентот се случи во понеделникот попладне во Ливерпул, на прославата по повод освојувањето на титулата во Премиер лигата, кога 53-годишниот Дојл со автомобилот удри меѓу насобраните луѓе.
Вкупно 79 лица беа повредени, од кои четворица потешко, вклучувајќи и едно дете.
Повредените се на возраст од девет до 78 години.
По инцидентот, полицијата соопшти дека не станува збор за тероризам, но не утврди мотив.
Дојл денеска се појави на сослушување во Судот за прекршоци во Ливерпул и се изјасни за невин, објави телевизијата Скај.
Обвинет е за опасно возење и шест други точки од обвинението, вклучувајќи намерно предизвикување тешки телесни повреди.
Доколку биде осуден, Дојл би можел да се соочи со максимална казна доживотен затвор.
Ново на Сител
-

Дојави за бомби во два трговски центри во Скопје
-

Поленските алергии го зголемија бројот на пациенти во клиниката „Козле“
-

Со прекуграничен проект се обезбедува нова опрема за итната медицинска помош во Југоистокот
-

100 години ЗОО Скопје
-

Трамп повторно се закани дека ќе го нападне Иран
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
