-->
-->
Воз удри во двајца мигранти во североисточна Грција
-->
Грчките власти соопштија дека две лица, за кои се верува дека се мигранти кои илегално ја преминале границата со Турција, загинале откако во нив удрил патнички воз во североисточна Грција.
Локалната полиција денеска соопшти дека инцидентот се случил синоќа во пограничниот регион Еврос, со воз што патувал меѓу градовите Александрополис и Дикаја. Загинатите, чија националност не е соопштена, оделе по шините, а машиновозачот не ги видел и удрил во нив.
Мигрантите кои преминуваат во Грција долж копнената граница често ги користат железничките пруги како патоказ за да стигнат до некое населено место или град.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Два активни пожари денеска - премиерот смета дека тие кај Скопје биле дел од организирана акција
-
Се зголемува бројот на обиди за ин витро оплодување на сметка на ФЗО
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Реновираниот „Музеј на вода“ повторно блеска
-
Преглед на вестите од светот
-
Арсовска доби 24ч полициско обезбедување, ОЈО побара притвор за напаѓачот
-
Мицкоски: Бугарија врши притисок како Русија врз Украина, не знам до кога Европа ќе има трпение