-->
-->
Воспитувачка и подарила бубрег на своја ученичка
-->
Американската воспитувачка на деца од предучилишна возраст, Бет Балиста и го спаси животот на својата болна ученичка со тоа што го донирала едниот бубрег, пренесува Би-Би-Си.
Воспитуваката, инаку мајка на две деца, одлучила да помогне откако мајката на детенцето на Фејсбук објавила дека на нејзината ќерка и е неопходна трансплантација. Таа во ниеден миг не се двоумела за тоа дали да помогне, доколку нејзиниот орган може да ја спаси малата Лејла. По тестирањата е утврдено дека учителката е соодветен донатор.
Операцијата е успешно изведена минатата седмица. Бет и Лејла успешно се опоравуваат од операцијата.
Лејла страда од редок вид автоимуна болест, поради што поминуваше 12 часа дневно на дијализа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Билјана Ивановска влегува во градоначалничката трка во Центар
-
Министерството за правда и ДИК бараат решение за независните кандидати
-
Младата Вања апелира министерството да обезбеди инсулински пумпи на сите пациенти со дијабетес Т1 на кои им е потребна
-
Судење за екс обезбедувачот на премиерот, се презентираа снимки
-
Македонското малцинство во Бугарија не постои во последниот извештај на Стејт департментот
-
Огнот се приближи до објектите на ЈП Јасен – сите сили фокусирани на Јасен
-
Забрзано се гради автопатот Охрид-Кичево
-
Кривична пријава за директорот на Паркови и зеленило оти не им дава плати на вработените во Флораком и Луна