Воспитна мерка за 16-годишникот кој со џип „БМВ Х6“ го прегази д-р Јота на пешачки пред Клиника
На 25 февруари 2021 година хирургот Ѓорѓи Јота беше прегазен и тешко повреден во сообраќајка во Скопје.
Неговата состојба беше многу сериозна поради нанесените повреди, но по долго време тој успеа да се опорави.
Зад воланот во џипот БМВ Х6 што удри во д-р Јота додека тој минуваше на пешачки премин седеше малолетник, кој немаше ниту возачка дозвола.
Според официјални информации на МДК.мк, малолетниот возач добил воспитна мерка, која е во фаза на извршување.
-Колку ќе трае оваа воспитна мерка од Судот не одговорија, само ни беше појаснето дека може да трае од неколку месеци до неколку години и дека се преиспитува секоја година, пишува порталот.
Од Основниот кривичен суд Скопје на прашање на МКД.мк каква е одлуката која што судот му ја изрекол на малолетникот, било одговорено дека одлуката, со оглед дека се работи за малолетно лице, не смее да се кажува.
Официјалниот одговор е дека на осомничениот малолетен возач за кого се водеше постапка по Законот за правата на детето, му е определена Заводско-воспитна мерка.
Ново на Сител
-

Еден загинат, 16 повредени во инцидент на Парадата на гордоста во Берлин
-

Премиерот Мицкоски ќе изврши увид во градежните активности на клучката „Момин Поток“
-

Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес
-

Сончево и ветровито
-

Николоски: Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
-

Кражба од големи размери во електровлечната подстаница Драчево
