Вооруженото крило на Хамас ја презеде одговорноста за нападот во Тел Авив
Вооруженото крило на палестинското исламистичко движење Хамас, Бригадите Изедин ал Касам презеде одговорност за синоќешниот терористички напад во центарот на Тел Авив, во кој загинаа четири лица, информира денеска израелската телевизија Канал 9.
- Раководството на Бригадите Изедин ал Касам соопшти дека 21-годишните Мохамед и Халид Махамре, од селото Јата, на Западниот брег, се борци на групата, посочи телевизијата.
Како што јави ТАСС, двајцата вооружени Палестинци синоќа отворија оган врз посетителите на популарниот трговски центар „Сарона“, што се наоѓа во близина на зградата на Министерството за одбрана во центарот на Тел Авив.
Во нападот беа убиени четворица Израелци, а петмина беа тешко ранети. Двајцата терористи беа приведени од полицијата.
Ново на Сител
-
Кратери повикуваат на мобилизација за натпреварот против Македонија Ѓорче Петров
-
Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо
-
Руд: Ѓоковиќ е најголемиот спортист на сите времиња
-
ЦУК: Од вкупно 13 пожари на отворен простор, активни се четири
-
32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци
-
Украинци: На руска територија има најмалку 20.000 киднапирани украински деца
-
Со хеликоптер на Армијата исфрлени 102 тони вода врз пожарот во Јасен
-
Албанија - црн рекорд во регионот, досега опожарени 55.154 хектари земјиште