Вооружена престрелка на грчко-албанската граница, запленети над 166 килограми канабис и два „калашникови“

Запленети 166 килограми канабис и два „калашникови“, убиен 39-годишен дилер и еден полесно повреден полицаец е билансот од вчерашната вооружена престрелка во близина на грчко – албанската граница, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчката полиција, до престрелката дошло кога вчера попладне, со калашников бил отворен оган кон полицајци од Секторот за борба против дрога, кои во непроодната шумска областа се движеле пеш за да ја проверат информацијата за транспорт на дрогата преку грчко-албанската граница во пошироката област на Јанина.
-Полицајците одговорија на истрелите, при што еден 39-годишен странски државјанин е убиен, а еден полицаец полесно повреден. На местото беа пронајдени и запленети шест патни торби во кои имаше 13 пакети суров канабис, со вкупна тежина од 166 килограми и 200 грама и две воени пушки „Калашников“, соопштуваат од грчката полиција.
Повредениот полицаец бил пренесен во болницата во Јанина, додека, пак во тек е полициска акција за пронаоѓање и апсење на другите сторители.
Како што објави синоќа МИА, во вооружената престрелка во близина на грчко-албанската граница, според локалните медиуми од областа Епир, убиениот дилер е албански државјанин.
Ново на Сител
-

Собранието и МАНУ со договор за уредување на меѓусебните односи
-

Трамп: Украина мора да сака да стави крај на војната
-

УЈП ќе ги презентира анализите за тоа колку и од каде заработувале граѓаните
-

Виткоф пристигна во Санкт Петербург на средба со Путин, по разговорите со Зеленски
-

НАТО го предупреди Зеленски дека Трамп може да ги запре испораките на оружје
-

Деветти ден од протестите во Тирана, полицијата со солзавец и водени топови се справува со демонстрантите
-

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локален дожд
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
