Македонија
25. July 2015 - 19:05

Вооружен напад врз висок функционер на ДУИ во Струга еден загинат

Убиен заменик директорот на УЈП Аргетим Асани во Струга.Околу 13 часот и 15 минути на улицата Маркс и Енгелс во близина на градските плажи од возило марка голф во движење е застрелан со 8 куршуми во градниот кош и вратот . 23 годишниот напаѓач Абдулах.К. самиот се предал со оружјето во полицијата .42 годишниот стуржанец со тешки повреди бил пренесен во Медицинскиот центар, каде била констатирана смрт.

Граѓаните видно вознемирени иако слушнале за настанот бидејќи улицата каде се случи убиството е густо населена со деловни објекти не сакаа да коментираат пред камера.

Иако Асани се сметаше за човек близок на ДУИ, од партијата велат дека не станува збор за внатрепартиска престрелка бидејќи Асани не бил член на ДУИ посочувајќи дека дека тој на функцијата заменик директор на УЈП бил поставен по предлог на коалиционен партнер Нова демократија .