Вонредна временска прогноза: Циклонот Флоријан доаѓа кон Македонија: Носи големо невреме
Под влијание на моќниот ФЛОРИЈАН кој веќе го зафати регионот во текот на утрешниот понеделнички ден доаѓа и во нашата држава па времето ќе биде променливо облачно и нестабилно а во претпладневните часови услови за локален дожд и грмежи има особено на северозапад и север додека од доцните пртетпладневни и пладневни часови па натаму на многу места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град па затоа на граѓаните во вакви временски услови ги советуваме да бидат крајно претпазливи додека пад овчарите своите стада да ги делат во помали групи со цел да ги заштитат.
Исто така додека траат електричните празнења граѓаните своите домашни уреди задолжително да ги исклучуваат а во случај на силен ветер да внимаваат каде се движат и каде ги ставаат автомобилите.
Максимумот на температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени меѓутоа навечер и во текот на ноќта кон вторник ќе бележат тенденција на значителен пад.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево