Волкановски го врати УФЦ појасот и го собори рекордот во „перо“ категорија
Александар Волкановски е новиот УФЦ шампион во „перо“ категорија! Поранешниот шампион на оваа дивизија го врати појасот по заминувањето на Илја Топурија во лесна категорија, а слободното место го зазеде по вечерашната победа над Диего Лопез на настан во Мајами, каде победи со едногласна одлука.
И покрај одличниот настап на момчето од Мексико, кој пред борбата со Волкановски доби „шанса за титулата“ по петте последователни победи во октагонот, искусниот Австралиец покажа зошто е еден од најодликуваните борци (5 одбрани) во „перо“ категорија. Со своето искуство и „фајтерски коефициент на интелигенција“ доминираше во сите пет рунди, а храброто срце и самопожртвуваноста на Лопез, на крајот, не беа доволни за да ги убедат судиите.
Инаку, видовме вистинска војна во режија на овие борци, па навивачите и гледачите во „Арена Фајт“ имаа можност да уживаат во првокласна борба, како што доликува на меч за титулата. Еден куп сериозни размени и многу тактичко надмудрување видовме во „стенд-апот“, каде во неколку наврати мечот лесно можеше да отиде во друга насока.
-Убаво е чувството што се вратив овде. Му ветив на моето семејство дека ќе ја вратам титулата. Сите ме отпишаа бидејќи имам 36 години. Ја добив шансата по два последователни порази, а сега се враќам овде, на врвот. Имам голема почит за Лопез. Неверојатен момент, навистина голема привилегија. За ова ќе се пишува и ќе се снимаат филмови – соборен е рекорд!, рече Волкановски во изјавата по натпреварот.
Александар Волкановски сега има 27 победи и четири порази во октагонот, а единствените два под капата на организацијата УФЦ му беа против Илија Топурија и Ислам Махачев (двапати). Првиот пораз го забележа на стартот од кариерата против Кори Нелсон
Ново на Сител
-
Марш на ангелите во Кочани - болката се претвори во крик на очај
-
Тема на денот со Ана Ангелова Валпони, професор на Кингс Колеџ - Лондон
-
Марш на ангелите во Кочани
-
Истрага за оружјето со кое биле убиени Вања и Панче
-
Првата група повредени се смести во центарот за рехабилитација на Пониква
-
Растење на природен заб во лабораторија - научен подвиг со македонски потпис
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1
-
21 јуни денот на Охридското езеро