Волц: Нуклеарната закана од Иран ќе биде главна тема на обраќањето на Трамп пред Генералното собрание на ОН

Американскиот претседател Доналд Трамп за време на претстојниот говор на Генералното собрание на Обединетите нации планира да изјави дека е потребно да се спречи Иран да се обиде да се здобие со нуклеарно оружје, објави денеска американскиот амбасадор во ОН, Мајк Волц.
Трамп ќе зборува и за напорите на американската администрација во Газа, вклучително и за мировниот план од 20 точки, изјави Волц, пренсе „Фокс њуз“.
Посетата на Трамп на Обединетите нации ќе вклучува и средба со лидерите на шест земји од Персискиот Залив, додека Вашингтон ги разгледува своите следни чекори во војната со Иран, додаде тој.
Волц, исто така, рече дека Трамп планира да одржи средби и со британскиот премиер Енди Бернам и јапонската премиерка Санае Такаичи.
Трамп треба да се обрати пред Генералното собрание следната недела, кога светските лидери ќе се соберат во Њујорк.
МИА
Ново на Сител
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
-

Сточарите со загуби, 450 илјади вакцини на пат
