Воен товарен авион се урна во Конго, има жртви

Воен товарен авион се урна во главниот град на Демократска Република Конго, Киншаса, при што животот го загубија сите членови на екипажот, соопшти директорот на градскиот аеродром Џорџ Табора.
Засега не е познато колку лица имало во авионот.
- Се урна тоаварен авион. Тоа е воено летало. Екипажот не го преживеа падот, истакна Табора.
Неименуван официјален претставник изјави дека загинале десетина луѓе кои се наоѓале во авионот.
Претставник од авијатичарската агенција на Конго нагласи дека станува збор за авион Антонов Ан-12, кој патувал кон градот Букаву, во источниот дел на земјата. Авионот се урнал веднаш по полетувањето.
Досега нема информации дали има загинати или повредени на земја.
Поради премногу либералните закони за безбедност, авионските несреќи во Конго се многу чести, а на сите авиокомпании од таа земја им е забрането да сообраќаат во државите од ЕУ.
Ново на Сител
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
-

Нов пожар во Штип
-

Мицкоски по средбата во Софија: Бугарија нема нови барања, тоа се истите од 2022 година
-

Мицкоски најави избори
-

ДЗР утврди сериозни слабости во остварување и исплата на правата од социјална заштита во Македонија
-

Савески не гледа ништо спорно што му се јавил премиерот
