Водовод по сторијата на Сител: Водата безбедна, но Рашче е под закана
Постои опасност од загадување на изворот Рашче, но во моментов водата за пиење е безбедна, велат од Водовод и канализација по анализата на за излевањето на шестовалентниот хром во депонијата на некогашен Југохром во подземните води близу изворот.
- Точно е дека псотои голема опасност од загадување на изворот во Рашче, а за да се спречи тоа и ние како препријатие имаме алармирано до Министерството за животна средина. Голема е веројатноста хромот од Југохром преку подземните води да стигне до Рашче, но секојдневните мерења на квалитетот на водата покажуваат дека тоа се уште не се случило. Според добиените анализи на 192 примероци за физичко-хемиска и 192 за микро-биолошка анализа на вода за пиење од 42 места во градот Скопје спроведени во Секторот за санитарна контрола утврдено е дека сите примероци одговараат на правилникот за безбедност и квалитет на водата за пиење, велат од јавното претпријатие.
Сторијата на Сител покажа дека засега недостасува акција од надлежните институции.
Министерството за животна средина се уште чека студија која треба да покаже дали расчистувањето на депонијата е исплатливо.
Ново на Сител
-

Лука и Хана најпопуларни имиња за новороденчињата во 2024
-

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот кон ГП Ќафасан во двата правца
-

Учениците од денеска на зимски распуст
-

Повредени две лица во сообраќајка на патот Кочани –Штип
-

Русија вели дека Украина вчера ја нападнала Москва со дронови
-

Сончево и студено
-

Зеленски: Разговори со Трамп за распоредување на американски трупи во Украина, одлуката е на САД
-

Турција годинава ја погодија 53.262 земјотреси
