Живот
19. March 2017 - 14:34

Водителката која ја гледавте на Сител: Во животот имав повеќе среќа отколку памет

Весела, ведра и секогаш насмеана, Маријана Мичиќ која ја гледавме во многу српски програми, од кои последното „Пинкови ѕвездички", призна дека живее добро и дека имала многу среќа во животот.

- Не ја мерам мојата професија според тоа колку пари се заработуваат, уживам во неа. Ете, во животот имав повеќе среќа отколку памет. Затоа убаво живеам од својата професија, вели таа.

Признава и дека иако е секогаш насмеана, често плаче и тоа за ситници.