Водата во Скопје е санитарно исправна и може да се употребува, соопшти Водовод по интервенцијата во дел од градот
Секторот Санитарна контрола на ЈП Водовод и канализација – Скопје денеска извршил вонреден мониторинг на водоснабдителниот систем на градот Скопје кој беше во прекин со водоснабдување вчера (31 мај) поради изведување на активности на секторот Водовод и секторот ЕОК. Од добиените резултати се констатира дека водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и истата може непречено да се употребува за хумана употреба, информираат од ЈП Водовод и канализација-Скопје.
Како што се наведува во соопштението, мониторингот опфатил десет точки: Кале, Топанско Поле, Шуто Оризари, Радишани, Бутел, Ф – 600, Железара- во раните утрински часови, Автокоманда, Визбегово и Чаир 1 од каде биле земени примероци од вода за пиење врз кои беше изведено физичко-хемиско и микробиолошко лабораториско тестирање.
Покрај теренските мерења на рутинските параметри и концентрацијата на резидуален хлор, тестирањето било изведено и со страндардни методи со јонска хроматографија за физичко-хемиската анализа и со Полимераза верижна реакција (ПЦР) метода за микробиолошката анализа.
-Од добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки ОДГОВАРААТ на Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за
пиење (Службен весник на РМ бр.183/18), со што констатираме дека водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и истата може
непречено да се употребува за хумана употреба, се посочува во соопштението од ЈП Водовод и канализација-Скопје.
Ново на Сител
-
Предметот за „Пулс“ е донесен во Кривичниот суд, следи оцена на обвинението
-
Собраниска расправа за ребалансот, поднесени над 200 амандмани
-
Во Кичево ќе се гради нов Клинички центар
-
Неправилности во здравството можат да се пријават на веб страницата на министерството
-
АХВ го демантира градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов
-
Разговор со Маријана Милевска, проектна менаџерка во програмата за Обединетите нации
-
Почна расправата за ребалансот на Буџетот
-
Мицкоски: Се бориме да го вратиме тоа што го продаде опозцијата