Водата од струшкиот водовод неисправна за пиење

Водата од градскиот водовод во Струга е забранета за пиење заради бактерии, покажуваат анализите на Центарот за јавно здравје – Охрид, направени пред три дена.
Раководителот на Центарот, Атанаско Михаилов денеска во изјава за МИА потврди дека во последните микоробиолошки анализи на водата од Струшкиот водовод на барање на Агенцијата за храна и ветеринарство на мостри земени од пред три дена покажале дека во водата е пронајдена бактерија ешерихија коли, енерококи и други колиформни бактерии и оти не се хлорира.
- Според Законот, водата е неупотреблива за пиење заради бактерии и затоа инспектор од АХВ донесе решение за времена забрана за пиење на водата од градскиот водовод во Струга. Анализи ќе се прават се додека не се исхлорира и додека не одговара на нормативите и стандардите за квалитет за да може да се користи за пиење, рече Михаилов
Одговорноста, според него, е кај локалната самоуправа и локалното претпријатие „Проаква“, бидејќи надлежностите за исправноста на водата се нивни.
Аднан Речи, одговорен во Јавното претпријатие „Проаква“ истакна дека неисправноста на водата е поради немање хлор, но, според него, проблемот е надминат.
- Трет ден се преземаат мерки, водата се хлорира и сега е чиста и може да ја користат граѓаните за пиење и друга употреба. Штом се хлорира водата, таа се дезинфицира и нема бактерии, потенцира Речи.
Ново на Сител
-

Груби обвинет за дело со пет години затвор, истрагата го сомничеше за проневера со казна до 20 години
-

Николоски: Протестите не се решение, со билатерални договори го решаваме проблемот на превозниците
-

„Везилка“ и студентите на ФИНКИ веќе развиваат алатки базирани на вештачка интелигенција
-

Ставен во употреба новиот АТМ систем на меѓународниот аеродром Скопје
-

Пецаков: Ова лето застапеност на туристи кои ретко доаѓале во Охрид
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
