Живот
30. November 2015 - 9:00

Во знак на протест се качиле на покривот на Бакингемската палата

Двајца Британци, активисти на групите за правата на татковците во Велика Британија, демонстрираат на покривот на Бакингамската Палата во Лондон, која е службена резиценција на кралицата Елизабета.

Инцидентот се случи синоќа, кога Мартин Метјуз (48) и Боби Смит (33) со помош на скали се искачиле на покривот на палатата, од страната каде се наоѓа Кралската галерија и од каде влегуваат посетителите.

Двајцата татковци останале на покривот на тој дел од Бакингамската палата, каде истакнале голем транспарент, на кој пишува „Запрете ја војната против татковците“ и порачувајќи дека „децата не се само на мајките“.

Лондонската Метрополитен полиција ја опколи палатата, а вооружени полицајци се искачија на покривот на главниот дел од големиот објект, што се наоѓа во центарот на британскиот главен град, не дозволувајќи демонстрантите да продолжат да се движат по него.

Претставник на полицијата изјави дека се разговара со гневните татковци, кои стојат на пет метри височина од земјата, за да ги убедат да се симнат.

Засега не е познато како демонстрантите успеале, незабележени од безбедносната служба да дојдат со скалата и да се искачат на покривот.

Кралицата Елизабета и нејзниот сопруг, принцот Филип, кој живеат во Бакингамската Палата не биле во заградата во време на инцидентот.

Оваа демонстрација се означува како дел од кампањата на групите, за реформа на судскиот систем во Велика Британија, затоа што сега, по правило, во секоја постапка при развод или при раскинување на партнерска врска, судиите им ги доделуваат децата на чување и грижа на мајките.

Припадниците на групите „Нови татковци за правда“ и „Запрете ја војната протув татковците“ бараат да се почитуваат и правата на татковците, а не, како што сметаат, само на мајките.