ВО ЖИВО: Почна конференцијата на „Економист“

Конференцијата на „Економист“ се случува во многу важен момент за Северна Македонија и Западен Балкан по Преспанскиот договор очекувањето беше дека Европскиот совет ќе ја покани вашата земја да отвори многу брзо прегвори за членство. Со тоа што во јуни ја одложи одлуката сега сите очи се вперени на средината на октомври кога се очекува да се донесе одлука за отворање на преговорите за членство во ЕУ.
Ова го изјави регионалната директорка за Европа на Економист, Џоан Хои на отворањето на конференцијата „Зајакнување на моментумот за европска интеграција“ во организација на економскиот магазин „Економист“ што се одржува денеска во Скопје.
Таа посочи дека 16 години поминаа кога Европската унија даде јасна перспектива за земјите од Западен Балкан.
– Земјите од Западен Балкан веќе се нетрпеливи и повеќе не сакаат да бидат во чекалната на ЕУ, посочи регионалната директорка на Економист за Европа на отворањето на Самитот.
На Самитот во тек е обраќањето на премиерот Зоран Заев по што ќе се обрати Вес Мичел, поранешен помошник американски секретар за Европа и Евроазија, Алексис Ципрас, поранешен грчки премиер и лидер на Сириза, како и Мартин Шулц, поранешен претседател на Европскиот парламент.
Ново на Сител
-

Следуваат законски измени за построги казни за возачите на електричните тротинети
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Мицкоски: Mинистрите што се уморни чесно е да си одат
-

Филипче: Нема да бидеме алиби за предвремени избори
-

Мицкоски најавува европски „маратон“, Филипче обвинува за демагогија и бегање од преговорите
-

Стартува национална иницијатива за намалување на семејното и врсничкото насилство
